Ако се надевавте дека ќе живеете вечно, имаме лоши вести. Колку и да сте здрави и среќни, времето на крајот ќе ве победи. Со текот на годините, очекуваниот животен век на човекот се зголемува, што значи дека можеме да очекуваме да живееме подолго од нашите предци.
Според процените на „Еуростат“, жителите на Шпанија имаат највисок животен век (83,3 години) во рамките на Европската Унија, додека жителите на Бугарија имаат најмал (71,4 години).
Најстарата личност што некогаш живеела била Жан Калмент, која ја доживеала 122 години. Таа е родена во 1875 година, а почина во 1997 година. Иако повеќето луѓе не се ни блиску, научниците одлучија да се обидат да откријат колку долго теоретски би можело да живее човечкото тело.
Истражувачите од сингапурската биотехнолошка компанија „Геро“ заедно со центарот за рак „Росвел парк компрехенсив“ во Бафало ја проучувале човечката отпорност, способноста на телото да закрепне од оштетување. Тие користеле вештачка интелигенција за да ги разгледаат медицинските податоци на стотици илјади доброволци со цел да го проценат максималниот животен век на човекот.
Земајќи ги предвид годините, болеста и начинот на живот, тие откриле дека најдолгото што некој некогаш би живеел е околу 150 години. Други истражувањата за науката за стареење велат дека рекордот за најстара личност на светот веројатно повторно ќе биде соборен до 2100 година, но дека повеќето нема да доживеат длабока старост од 122 години.