Кина денеска испрати уште едно вселенско летало во вселената со залихи за својата нова вселенска станица.
Ракетата Long March 7 што го носи товарниот вселенски брод Tianzhou 5 беше лансирана денеска од вселенското пристаниште Венчанг на јужниот кинески остров Хаинан и успешно се закотви на неодамна завршената вселенска станица Тиангонг два часа подоцна, објави кинеската вселенска програма.
Овој карго лет е дел од подготовките за историскиот чекор во кинеската вселенска програма: првата промена на екипажот во вселената.
Тројцата астронаути – познати како таиконаути во Кина – се очекува да пристигнат на неодамна завршената вселенска станица до крајот на месецот, каде што ќе им се придружат на нивните колеги Чен Донг, Лиу Јанг и Каи Ксуже.
Сегашниот екипаж треба да се врати на Земјата во декември. Tianzhou 5 е десеттата мисија за изградба и снабдување на вселенската станица.
Вселенската станица Тиангонг ги поткрепува амбициите на Кина да стане вселенска сила и да ги достигне големите вселенски нации, САД и Русија.