На платформата за групно финансирање Kickstarter, наскоро завршува многу интересна кампања, во која американскиот TinyCircuits собира средства за производство на најмалиот целосно функционален телевизор.
Оваа недела ќе биде завршена crowdfunding кампањата за производите TinyTV 2 и TinyTV Mini, мали телевизори на кои може се да гледаат видеа, при што целиот сет на телевизори ќе биде толку голем да може да се смести во најмалата дланка. Кампањата ја покрена американската компанија за креирање хардвер со отворен код TinyCircuits и наместо првично бараните 15.000, веќе собраа речиси 200.000 долари.
Производите кои во рамките на оваа кампања може да се поддржат и нарачаат се минијатурни телевизори. Поголемиот модел, TinyTV 2 е широк само 37 мм и висок 47 мм и има 26 мм IPS TFT екран со реозлуција 135×240 пиксели. Tiny TV Mini е уште помал, со димензии 24×26 мм и со OLED екран од 15,2 милиметри со резолуција од 64×64 пиксели. Двата модела доаѓаат во две верзии – со проѕирно или класично куќиште.
Двата телевизора имаат и копчиња за прилагодување на јачината на звукот и вклучување и менување канали, 8 GB вградена меморија за видео снимки, IC приемник за далечинско управување и вграден звучник. Нив ги покренува процесор од микрокомпјутерот Raspberry Pi, а се напојуваат од литиум-полимерна батерија што се напојува. Помалиот модел може да работи еден час на батерија, а поголемиот два часа. Полнењето на батеријата и менувањето видеа се врши преку USB-портот.
На овие телевизори е можно да се репродуцираат видеа записи по желба. Ова не е првиот производ на компанијата TinyCircuits, нивниот TinyTV DIY Kit е во продажба веќе три години и е наменет за пристапот „направи сам“. Новите производи доаѓаат склопени и функционални директно од кутијата.
Може да се нарачаат на Kickstarter по цена од 49 долари, а испораките се очекуваат на пролет.