Мисијата, која ќе трае 25 дена, ќе ја тестира технологијата за мисијата Artemis со луѓе, додека NASA настојува да воспостави постојана база на површината на Месечината.
Вселенското летало Orion на NASA без екипаж ги испрати своите први фотографии од Земјата додека се движи кон средба со Месечината во рамките на историската мисија Artemis I.
Ова е прв пат вселенското летало да сними далечни слики од Земјата од последната мисија на Аполо во 1972. година. Orion е лансиран на ракетата „Space Launch System“ (SLS) од вселенскиот центар Кенеди на Флорида рано во средата, на 16-ти ноември.
Мисијата, која ќе трае 25 дена ќе ја тестира технологијата за претстојната мисија Artemis со луѓе, додека NASA настојува да воспостави постојана база на површината на Месечината.
Во текот на претстојните часови, Orion исто така ќе распореди 10 мали научни истражувања и технолошки демонстрации, наречени CybeCats.
„Секој CybeCat има своја мисија која има потенцијал да ги пополни дупките во нашето знаење за Сончевиот систем или демонстрира технологии кои може да го користат дизајнот за идните мисии за истражување на Месечината и пошироко“, изјавија од NASA.
Се очекува дека Орион ќе прелета покрај Месечината во понеделник на 21. ноември.
Можете да го следите напредокот на вселенското летало Орион во текот на нејзината мисија на специјалната веб страна на NASA.