Вселенското летало „Шенгжу-15“ со екипаж и ракета-носач Long March-2F денеска се транспортирани во зоната за лансирање.
Ова го соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA), јави Синхуа.
Објектите и опремата на местото на лансирање се во добра состојба, а проверките на функционалноста пред лансирањето и заедничкото тестирање ќе бидат спроведени според планираното, соопшти CMSA.