Интервју со Доц. д-р Елена Мујоска Трпевска, виш научен истражувач во Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ
Пред извесно време беше презентиран мултидисциплинирниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“ спроведен од Центарот застратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Доц д-р Елена МујоскаТрпевска, Виш научен истражувач во Центарот за истражувања „Ксенте Богоев“ презентираше дел од правните аспекти од намалувањето на штетноста од употребата на тутун и ја нагласи предноста од користењето на нови тутунски производи.
Што претставува концептот на намалувањето на штети и како преку него може да се минимизираат штетните ефекти од пушењето?
– Намалувањето на штетата од користење на тутунот (Тobacco Harm Reduction) по дефиниција претставува стратегија која се користи за да се минимизира штетата на поединците и/или поширокото општество од опасни однесувања или практики кои не можат целосно да се избегнат или спречат. Неодамнешниот концепт за намалување на штети од користење на тутунот се појави како трет пристап кој може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од тутунот, а е во согласност со активностите за промоција на јавното здравје. Концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е зависноста од тутун, не може целосно да се спречи, затоа што поединците не сакаат или не можат да се откажат од нивното користење, тогаш е потребно да се побараат алтернативни решенија со кои ќе се намалат нивните негативни ефекти.
Преку кои начини и стратегии треба да се спроведе намалувањето на штетите од употреба на тутун?
– Минимизирањето на штетата од употреба на тутун може да се спроведе преку научни истражувања и анализи на тоа што е направено и што може да се направи во иднина. Новите методи, едукацијата, споделувањето информации и примената на добри практики се клучни процеси кои се тесно поврзани со правилното пренесување на научните сознанија до јавноста. Концептот за намалување штетата од користење на тутун тргнува од тоа дека несомнено, најдобриот начин да се избегне штетата од пушењето е никогаш да не се започне. За активните пушачи, целосно откажување од пушењето е најефективниот начин за намалување на ризикот од штетни влијанија и од болести поврзани со пушење. Но за останатите, кои едноставно не можат или не сакаат да се откажат од оваа навика, треба да им укажува на постоење на иновативни производи кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот, никотински лепенки, електронски цигари и други.
Колку политиките за намалување на штети се прифаќаат во современите здравствени и легислативни концепти во глобални рамки како легитимни стратегиски инструменти?
– Политиките за намалување на штети се покажаа ефикасни во управувањето со ризикот во повеќе подрачја на животот и се веќе глобално прифатени во современите здравствени и легислативни системи. Нивна заедничка платформа претставува почитувањето на основните човекови слободи и права – на достоинствен живот, здравје, здрава животна средина и систем на организација на општеството што обезбедуваат услови за остварување на неговите права. Од тој базичен принцип се изведуваат основните постулати што мора да ги следи секој стратешки пристап кон намалување на ризиците, вклучувајќи објективен и научно заснован пристап, што исклучува можности за злоупотреби, сциентизам и манипулации. Стратегиите за намалување на штети обично се одобруваат од експерти и носители на одлуки кои се придржуваат кон иновативно и прогресивно креирање политики.