Duo Floodlight е најновата камера за видео надзор во понудата на Reolink, која покрај карактеристиките на моделот Duo 2, донесуцва и вградени рефлектори од 2.000 лумени.
Reolink, познат производител на камери и рекордери, оваа недела ја претстави новата панорамска видеонадзорна камера, која доаѓа во две верзии – Duo Floodlight WiFi и Duo Floodlight PoE (Power Over Ethernet).
Оваа камера е посебна по тоа што доаѓа со вградени рефлектори со осветленост од 2.000 лумени на 4.200 Келвини. Од останатите функции, Duo Floodlight, исто како и неодамна претставениот Duo 2, има два објективи, приказ во живо во 4K резолуција и панорамско поле од 180 степени.
Reolink истакнува дека корисниците можат да го приспособат рефлекторот според нивните желби, односно да се вклучува или исклучува во закажаното време и дека свети само кога камерата ќе забележи некое движење. Постои и алгоритам со вештачка интелигенција за паметно откривање на луѓе, возила и домашни миленици, што веќе некое време може да се види на поновите камери на компанијата.
Алгоритмот за паметно откривање не бара плаќање месечна претплата или складирање во облак, туку е вграден во камерата, така што целата снимена содржина се обработува локално. Контрола на камерата Duo Floodlight е можна преку апликацијата Reolink на мобилен телефон или компјутер.
Цената за Duo Floodlight WiFi е 219,99 евра, додека PoE верзијата со цена од 214,99 евра е нешто поевтина. Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на Reolink.