Samsung со години произведува камера сензори за паметни телефони под брендот ISOCELL. Дебитираше со Galaxy S5 и прилично ги постави трендовите во индустријата.
Сепак, се чини дека компанијата се подготвува да го замени брендот ISOCELL со ново име за следната генерација на сензори. За таа цел, името XISO-CELL е патентирано во јужнокорејската агенција KIPRIS.
Во оваа фаза нема други податоци во оваа насока, но постои можност новиот бренд да дебитира со претстојната Galaxy S23 серија. Промената е во согласност со поширокиот тренд во секторот, при што Sony неодамна го ребрендираше IMX сензорот со LYTIA.