Со текот на времето, се појавија голем број студии кои покажуваат колку некои носечки уреди може да бидат корисни за дијагностицирање на болести. Најновото истражување го спроведоа научниците од клиниката Мајо, кои ја истражувале ECG функционалноста на Apple Watch, со фокус на срцевите абнормалности како што е дисфункција на левата комора.
Честопати ова е проследено со конгестивна срцева слабост, која секако со себе носи низа непријатни последици. Левата комора е одговорна за пумпање крв до сите витални органи.
Студијата истакнува дека оваа состојба често останува недијагностицирана бидејќи поминува без симптоми. Студијата опфатила 2.454 пациенти од САД и 11 други земји. Доставени се податоци за 125.000 електрокардиограми произведени од паметниот часовник помеѓу август 2021 година и февруари 2022 година.
Резултатите беа обработени со алгоритам за вештачка интелигенција развиен од научниците. Тој е способен да идентификува пациенти со послаба функционалност на пумпање. Ова покажува дека дури и податоците собрани од потрошувачките уреди во неклинички услови може да помогнат во откривањето на срцевата дисфункција.