Како и на секое светско првенство, така и натпреварите на Мундијалот во Катар се играат со нова топка.
Фудбалската топка е најважниот дел од „опремата“ на најважниот турнир во најпопуларниот спорт во светот, па затоа и се посветува посебно внимание. Никој не сака топката да се однесува неочекувано, па прио нејзиното дизајнирање се води сметка да биде нова, но и да им биде „позната“ на фудбалерите.
Професорот Џон Ерик Гоф, кој традиционално ги анализира фудбалските топки на светските првенства, ја проучуваше и најновата топка наречена Ал Рихла (патување), произведена од Adidas.
Покрај додавањата, долгите пасови, слободните удари и шутевите кон голот, многу од важните моменти на фудбалскиот натпревар се случуваат кога топката е во воздух. Затоа, една од најважните карактеристики на топката е нејзиниот „лет“ низ воздухот.
Додека топката е во воздухот, тенок слој главно на воглавно мирен воздух наречен „граничен слој“ опкружува дел од топката. При мали брзини, овој слој ја покрива само предната половина на топката пред струечкиот воздух да се „залепи“ од површината. Во овој случај, струењето на воздухот зад топката е донекаде правилно и се нарекува ламинарен проток.
Кога топката се движи брзо, граничниот слој многу повеќе ја обвиткува топката. Кога протокот на воздух на крајот ќе се одвои од површината на топката, тоа го прави во серија „хаотични“ вртлози: овој процес се нарекува турбуленција на струењето.
Кога се пресметува колкава сила дава воздухот во движење врз објект што се движи, физичарите го користат терминот „коефициент на отпор“. За дадена брзина, колку е поголем коефициентот на отпорот, толку е поголем отпорот што делува на објектот.
Кога станува збор за производство на добра фудбалска топка, брзината со која протокот на воздух се менува од турбулентен во ламинарен е критична. Тоа е затоа што кога ќе се случи таа транзиција, топката почнува драматично да забавува. Ако ламинарниот тек почне при преголема брзина, топката почнува да се забавува побрзо од онаа што подолго го одржува турбулентниот проток.
Adidas ги прави фудбалските топки од Светските првенство од 1970 година, а до 2002 година секоја топка беше направена со култната конструкција од 32 панели. Вкупно 20 шесоаголни и 12 петоаголни панели традиционално биле направени од кожа, а потоа биле споени заедно.
Меѓутоа, нова ера започна со Светското првенство во Германија во 2006 година. Топката наречена Teamgeist се состоеше од 14 мазни синтетички панели кои беа термички врзани наместо сошиени. Јачината на врската и лепењето спречија навлегување на вода во внатрешноста на топката.
Производството на топки од нови материјали и нови техники со помалку панели донесе промени во летот на топката низ воздухот. На претходните три светски првенства, Adidas се обиде да го балансира бројот на панели, својствата на шевовите и текстурата на површината за да креира топки со вистинска аеродинамика.
Топката Јабулани користена на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година имаше осум панели кои беа текстурирани за да ги компензираат пократките шевови и помалиот број на панели. И покрај напорите на Adidas, Јабулани сепак беше контроверзна топка, а многу играчи се жалеа дека таа нагло забавuva. Кога професорот ја анализираше топката во воздушен тунел, откри дека Јабулани генерално е премногу мазна топка и има поголем коефициент на отпор од топката Teamgeist од 2006 година.
Топките за Светските првенства во Бразил во 2014 година и во Русија во 2018 година, наречени Бразука и Телстар 18, имаа по шест панели со необична форма. Иако имаа малку различни површински текстури, тие генерално ја имаа истата вкупна грубост на површината, а со тоа и слични аеродинамички својства. На играчите генерално им се допаднаа овие топки, но некои се пожалија дека Telstar 18 лесно отскокнува.
Актуелната топка Ал Рихла, која се користи на Светското првенство во Катар, е направена од мастила базирани на вода, а се состои од 20 панели. Осум од овие панели се мали триаголници со приближно еднакви страни, додека 12-те поголеми имаат облик на корнети за сладолед. Наместо да се користат подигнати текстури за да се зголеми грубоста на површината како претходните топки, Al Rihla е покриена со дупчиња кои на нејзината површина даваат релативно мазно чувство во споредба со претходните топки. За да се компензира ова, шевовите на Ал Рихла се пошироки и подлабоки. Ова можеби е резултат на „лекцијата“ научена на мазната Јабулани, која имаше најплитки и најкратки шевови, а играчите сметаа дека е бавна во воздухот.
Кога протокот на воздух се менува од турбулентен во ламинарен проток, коефициентот на отпор брзо се зголемува. Кога тоа ќе и се случи на топката во лет, таа одеднаш доживува брзо зголемување на отпорот и одеднаш се забрзува.
Повеќето од тестираните топки на светските првенства го направија тој премин со 58 км/ч. Очекувано, Јабулани беше бавна и тешко се предвидуваше. Ал Рихла има аеродинамички карактеристики слични на нејзините два претходника. Исто така, може да се движи побрзо при помали брзини.
Секоја топка добива понекоја критика, но науката покажува дека Ал Рихла треба да им изгледа познато на играчите во Катар.