По неколку неуспешни обиди, NASA на 16 ноември успеа да ја лансира ракетата SLS на Месечината. Станува збор за мисијата Artemis I, а од Вселенската агенција се фасцинирани од леталото Orion кое успеа да направи прекрасни снимки од вселената.
Леталото Orion брзо стигна до орбитата на Земјата, а 87 минути по лансирањето изврши транслунарна инјекција за да јурне кон Месечината. Од NASA се презадоволни од однесувањето на леталото.
Why the Moon? There is still much to explore, and the focus for #Artemis is the lunar south pole. The region’s unique characteristics hold promise for scientific discoveries that could help us in venturing farther into the solar system.
LEARN MORE >> https://t.co/SwZTyzSSF0 pic.twitter.com/U30U1esIG2
— NASA_SLS (@NASA_SLS) November 27, 2022
Менаџерот на мисијата Artemis I, Мајк Сарафин на прес-конференција соопшти дека е оштетена платформата за лансирање на вселенскиот центар Кенеди. Иако штетата е очекувана, сепак има значителни оштетувања и на зградата.
„Системот на лифтови моментално не работи. Ја имавме најмоќната ракета во светот и притисокот практично ја оштети вратата на нашите лифтови“, изјави Сарафин.
As @NASA_Orion reaches the mid-point of its Moon mission, @NASA will host a news conference at 5 p.m. EST today, Monday, Nov. 28, from @NASA_Johnson to discuss the status of the uncrewed #Artemis I flight test.
Watch live coverage of the briefing HERE >> https://t.co/kSdpaODj4w pic.twitter.com/xYcRZ7rYmP
— NASA_SLS (@NASA_SLS) November 28, 2022