Некои корисници на Twitter веќе пријавуваат големи промени во прикажувањето на содржини.
Twitter почна да прикажува поголем обем на твитови од сметки кои корисниците не ги следат.
Компанијата истакна дека сега им нуди препорачани твитови на сите корисници, дури и на оние кои успешно ги избегнувале во минатото.
„Сакаме да се погрижиме сите на Twitter да ја видат најдобрата содржина што ја нуди платформата, па затоа ја прошируваме препорачаната содржина на сите корисници, вклучувајќи ги и оние кои не виделе таква содржина во минатото“, посочуваат од компанијата.
We want to ensure everyone on Twitter sees the best content on the platform, so we’re expanding recommendations to all users, including those who may not have seen them in the past.
You can learn more about them, and how to best control your experience: https://t.co/ekYWf57JSc
— Twitter Support (@TwitterSupport) November 30, 2022
Не е познато колку повеќе препорачана содржина може да очекуваат корисниците на нивните почетни страници на временската линија или дали Twitter нуди повеќе од оваа содржина во другите делови на својата апликација.
Досега, се чини дека препорачаните твитови нема да се појавуваат при прегледување на најновата временска линија, која ги подредува твитовите хронолошки и досега не вклучувала твитови од сметки што корисникот не ги следи.