Тројцата кинески астронаути, кои во Кина се нарекуваат тајконаути, во неделата успешно се вратија на Земјата по шестмесечната мисија на вселенската станица „Тијангонг“ (Небескиот дворец), соопшти Кинеската вселенска агенци, која нивната мисија ја нарече „огромен успех“.
Екипажот кој на кинеската вселенска станица престојуваше од почетокот на јуни со капсулата „Шенжоу-14“, се приземји во базата Донгфенг, во покраината Внатрешна Монголија на северот на Кина, во 20,09 часот по пекиншко време, извести вселенската агенција.
Според извештајот на медицинскиот тим, тројцата астронаути меѓу кои и една жена, се чувствуваат добро.
Тројцата тајконаути, командантот на мисијата Чен Донг, првата кинеска астронаутка Лиу Јанг и Каи Ксуже, биле задолжени за надзор на последната фаза од вселенската станциа што треба да биде круната на амбициозната кинеска вселенска програма.
Во 2003 година, Кина стана третата земја која самостојно лансираше астронаут во вселената, по поранешниот Советски Сојуз и САД. Тиангонг е третата кинеска вселенска станица. Претходните беа лансирани во 2011 и 2016 година.
Новиот екипаж од тројца други кинески астронаути отиде во вселената во вторникот за да ја изврши последната фаза од изградбата на Тиангонг.