Кон крајот на април, во САД почна да се применува Apple Self Service Repair програмата, која на корисниците им овозможува пристап до оригинални делови за поправка на Apple уредите, а програмата сега е лансирана и во Европа. Корисниците во осум европски земји сега ќе можат самите да ги поправат некои од нивните Apple уреди, а тие земји ги вклучуваат Белгија, Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска и Велика Британија.
Потсетуваме дека програмата обезбедува сервисни прирачници и оригинални резервни делови за корисници кои сакаат сами да ги сервисираат своите уреди. На тој начин, достапни се делови за поправка на сериите iPhone 12 и iPhone 13, како и Mac компјутери со чиповите на Apple.
Apple ги продава и алатките потребни за извршување на поправките, но корисниците имаат можност да ги изнајмат за 49 долари и да ги добијат со бесплатна достава. Инаку, цената за замена на батерија за iPhone 13 изнесува 77,04 евра, а при враќање на заменетиот дел се одбиваат 26,26 евра во вид на кредит.
Комплетот за замена на екранот е 327,11 евра со кредит од 40,32 евра при враќање на заменскиот дел. Потребен е сериски број или IMEI кога нарачувате резервни делови.