Македонскиот бизнисмен Гешовски прогласен за менаџер и личност на годината во Сараево на Самитот на најуспешни менаџери од Југоисточна Европа.
Македонскиот бизнисмен Игор Гешовски прогласен е за „Менаџер и личност на годината“ на меѓународниот бизнис форум „Самит на најуспешните менаџери од Југоисточна Европа“ кој се одржува во Сараево. На настанот присуствуваше и поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.
Гешовски на самитот говореше на актуелната тема „Брзата пошта како најбрзо растечки бизнис на Балканот и во светот во последните години“ преку која го претстави иновативниот проект „BXD – Balkan express delivery“.
„Наградата за мене значи предизвик во работата, така што новиот проект „BXD – Balkan express delivery“ ќе воспостави систем на брза испорака и размена на пакети и производи низ целиот Балкански регион, преку целосно стандардизиран и транспарентен процес. Со ова, ќе се овозможи голем економски напредок на балканските земји и нивните пазари, особено на малите, средните и индивидуалните претприемачи. Преку создавањето на овој систем, стејкхолдерите, поединците и претприемачите ќе добијат квалитетна, евтина и брза услуга, исполнувајќи ги нивните потреби за континентално поврзување со сите земји од Европа и интерконтинентално со останатиот дел од светот користејќи меѓународни партнерства.“, истакна на самитот Гешовски сопственик и генерален директор на Eco Logistics Service.
Тој пред присутните рече дека основната идеја на проектот е интеграција на курирските служби од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово во првата фаза, додека во втората фаза ќе ги опфати Бугарија, Хрватска, Романија, Грција и Молдавија, додека за трета фаза е предвидена Турција.
„Интеграцијата подразбира стандардизирана поштенско-курирска услуга помеѓу наведените земји со примена на ЦН- Конвенцијата за размена на поштенски услуги. Целиот процес треба да се одвива обединето со цел постигнување на квалитет прифатлив за секоја вклучена страна. Процесот кој се состои од нарачка на пакетот, преку преземање, пакување, јазично означување и останато, преку овој проект, ќе овозможи испорака и прием на пратките, а и поврзување со земјите надвор од регионот. Исто така, постои потреба за примена и прилагодување на царинските протоколи кои имаат важна улога за брза и квалитетна размена на робата. Имајќи ја предвид големата миграција, расте и потребата за поврзување внатре во регионот и поголема производна размена. Проценката е дека потребата и пласманот на регионални Хабови за размена, е огромна.“, заклучи Гешовски.