Компанијата за анализа на пазарот TrendForce сподели интересни прогнози за тековниот последен квартал од годината. Од TrendForce посочуваат дека Apple ќе го надмине Samsung во однос на испораката на паметни телефони и ќе стане најголемиот производител во секторот на паметни телефони.
Очекувањата се дека компанијата од Купертино ќе го зголеми својот удел на 24,6 проценти, што би претставувало значително зголемување од 7% во однос на претходниот квартал. Samsung, пак, би можел да има удел од 20,2%, што е пад од 2% во однос на резултатот за третиот квартал.
Очекувано, Apple ужива голем интерес за новата iPhone 14 серија смартфони, при што попопуларни се Pro моделите. Интересно е што растот и доаѓањето на првата позиција се случува во актуелната ситуација на донцење на испораките од производителот Foxconn.
Наспроти ова, потрошувачите го очекуваат лансирањето на новата Samsung Galaxy S23 серија во февруари, што се чини дека ги одложува купувањата на уредите на Samsung. Во случајот на остранатите компании, тие се очекува да ги задржат своите позиции.
Xiaomi ќе биде трет со 12% и пад од 1,1%, следен од OPPO и vivo со 10,4% и 7,6%, соодветно. Инаку, генерално, TrendForce очекува испораките да пораснат на 316 милиони уреди, што би било за 9,3 проценти повеќе од претходниот квартал, но пад на годишно ниво.