Иако се работи за гласини од познатиот инсајдер Digital Chat Station, делува како сосема логичен чекор компанијата vivo да претстави и компактен модел со екран на преклопување, покрај флексибилниот X Fold+. Според она што е досега познато, vivo X Flip е во процес на развој, а би требало да го покренува Snapdragon 8+ Gen 1 чипсетот.
Засега нема многу телефони од овој тип на пазарот, а за издвојување се Motorola Razr 2022, Samsung Galaxy Z Flip4 и Huawei P50 Pocket. На глобално ниво, тука е и Oppo N2 Flip, кој остава простор да се пополнат редовите на една многу интересна категорија. Она што се надеваме е дека овој модел ќе се најде и надвор од Кина, особено затоа што се забележува сериозен раст на пазарот за телефони со флексибилен екран.