Многу доктори толку нечитко пишуваат рецепти за лекови, па за многумина е тешко да се „дешифрира“ нивниот ракопис. Ова е проблем кој технолошките компании со децении безуспешно се обидуваат да го решат.
На една компанија сега ѝ успеа да го чита дури и „докторскиот ракопис“. Google на својата годишна конференција одржана во Индија соопшти дека соработува со фармацевти за да го реши проблемот со „докторскиот ракопис“.
Функцијата ќе биде достапна преку Google Lens технологија и ќе им овозможи на корисниците да го фотографираат рецептот или да постават фотографија од галерија. Потоа ќе следи обработка на фотографиите, а апликацијата ќе ги детектира и издвои лековите наведени на рецептот.
„Ова ќе функционира како помошна технологија за дигитализација на пишаните медицински документи така што ќе ги вклучи фармацевтите, но никаква улога на е донесена исклучиво на основа на резултатот на оваа технологија“, соопштија од Google.
Не е познато кога функцијата ќе им биде достапна на корисниците, но е истакнато дека Индија има најголем број корисници на Google Lens технологијата во светот.