Во рудник за поташа во Лаос, првиот паметен рудник во Југоисточна Азија, беше остварен првиот видеоповик.
На 15 декември беше постигнат историски подвиг во рудник во Лаос кога со помош на решението Smart Mining на Huawei, беше остварен видеоповик преку безжична мрежа на мобилен телефон од место кое се наоѓа на 300 метри под земја.
За време на телефонскиот разговор, рударот од областа Камуан разговарал со своите колеги во Пекинг, кој е оддалечен 3.500 километри од него. Беа потребни само два месеци за да се имплементира решението на Huawei за паметно рударство, кое се состои од жична и безжична 4G мрежа.
Во минатото, комуникацијата со рударите бараше користење на фиксни телефони, а отсега ќе може да се користат паметни телефони каде било во рудникот. Во секој момент можете да знаете каде е секој од вработените и што прави.
Откако ќе се применат, паметните технологии за рударство обезбедуваат максимална безбедност за персоналот под и над нивото на земјата. Оваа мрежа овозможува обезбедување на повеќе услуги и во иднина ќе може лесно да се надградува на 5G.