Дали луѓето сè уште еволуираат? Ова прашање е мистерија за многумина бидејќи луѓето се одвоиле од групата на шимпанза пред околу седум милиони години.
Денес, луѓето имаат подолг животен век и напредни здравствени системи, а живеат во заштитена околина. Надворешните фактори кои претходно доведувале до еволуирање повеќе не влијаат врз нас. Дали тоа значи дека луѓето повеќе не еволуираат?
Група истражувачи од Ирска и од Грција го истражувале ова прашање и заклучиле дека луѓето имаат 155 нови гени, што покажува дека луѓето сè уште еволуираат. Истражувачите велат дека нови гени во човечкиот геном може да се формираат и како резултат на удвојување на ДНК, но тоа не е случајот со новите 155 гени.
Новооткриените гени се создале од делови од уникатна ДНК, а 44 од нив се поврзани со аномалии во растот на клетките. Според истражувачите, новите гени би можеле да бидат поврзани и со повеќе болести кои се јавуваат само кај човекот.
– Ќе биде интересно во идните студии да се разбере што може да прават овие микрогени и дали тие може директно да се поврзани со какви било болести – изјавил главниот истражувач Николаос Вакирлис.