Околу 50 години ја делат првата вселенска програма која испрати луѓе на Месечината и актуелната, чија цел е да ги врати таму. Во оваа прилика NASA објави фото колаж кој ги споредува двете мисии
Програмата Artemis на NASA и првото лансирање на новата SLS ракета приближно се совпаѓаат со 50-годишнината од последните мисии од програмата „Аполо“, кои ги испратија првите (и последните) луѓе на Месечината.
Токму за оваа пригода, NASA објави фотографии на кои се споредуваат ракетите, капсулите и лансирањето од оваа година и оние од пред половина век.
Лево: Команден и сервисен модул од мисијата „Аполо 10“.
Лево: Првата фаза на ракетата „Сатурн V“ од мисијата „Аполо 11“, лансирана во 1969 година.
Десно: Централната сцена на ракетата „SLS“ од мисијата „Артемида-I“, лансирана минатиот месец
Лево: Ракетата „Сатурн V“
Десно: Ракетата „SLS“
Лево: Склопување на инструмент-модулот на ракетата за „Аполо 11“.
Десно: Адаптерот што ја поврзува капсулата „Орион“ со ракетата „SLS“.
Лево: 110 метри високиот „Сатурн V“ во подготовка за мисијата „Аполо 4“.
Лево: Ракета „Сатурн V“ пред лансирната рампа на „Аполо 14“.
Лево: Ноќно лансирање на „Аполо 17“
Десно: Ноќно лансирање на „Артемида-I“
Лево: Патничка капсула „Аполо 6“ по слетувањето во Тихиот Океан, 4 април 1968 година.
Десно: Капсулата од мисијата „Артемида I“ по враќањето во Тихиот Океан, 11 декември 2022 година.
On Nov. 28, our Orion spacecraft captured the Earth rising behind the Moon.
The #Artemis I flight test happened around 50 years after the iconic Apollo 17 "Blue Marble" photo of Earth was taken. See the similarities and differences between the two eras: https://t.co/lEllEjjRkv pic.twitter.com/lM1W3BH2mR
— NASA (@NASA) December 24, 2022