Новогодишните празници се период од годината кога луѓето размислуваат за своите навики и за изборот на начинот на живеење. На почетокот на Новата година многумина од нас размислуваат како да се подобрат себеси и своето влијание врз светот околу себе. Во последните години е зголемен фокусот на еколошки прифатливиот живот и токму поради тоа треба да се размислува да се вклучат и одредени одржливи цели кога носиме новогодишни одлуки за новата година пред нас.
Секој може да има корист од носење еколошки посвесни одлуки. Доколку сакате да заштедите финансии или да ѝ се оддолжите на планетата, постојат многу можности во секојдневниот живот за намалување на личниот јаглероден отпечаток и на отпадот. Со носење и придржување до еколошките новогодишни одлуки можеме да ги промениме своите навики за поздрава иднина. А со носење новогодиши одлуки за својот дом не само што може да си го подобриме животниот простор туку и да ѝ помогнеме на животната средина.
Инвестициите во модерни, енергетски ефикасни технологии и системи за управување со енергијата во принцип имаат голема економска смисла. Најдобар начин за да се намалат трошоците за енергија е да се осигурите дека домотви е добро изолиран. Со подобрена изолација можете да заштедите пари на сметките за енергија и да создадете поздрав дом, намалувајќи го провевот. Одведете го еколошки прифатливиот начин на живот уште еден чекор понапред и изберете изолацијасо помош на волна и дрвени влакна наместо коневенционалната плоча од пена. Друг одличен начин да заштедите енергија и да го одржувате домот ладен лете и топол зиме е надградба на енергетски ефикасни прозорци. Според Министерството за енергетика на САД, 25-30% од енергијата за греење и ладење се губи преку нашите прозорци.
Исто така, сѐ поголем број граѓани се одлучуваат на своите покриви да надградат фотоволтаици за производство на електрична енергија со цел да ги намалат сметките за струја, да дејстуваат еколошки и да помогнат колку што можат, како и да дадат придонес во надминувањето на енергетската криза. На краток рок оваа инвестиција претставува свесно пренасочување кон поодржлив, еколошки извор на енергија, но нејзината вистинска вредност е во долготрајната корист од инвестицијата, која ќе овозможи заштедување средства и енергија, а зад себе ќе остави почиста и поздрава околина.
И покрај повисоките стартни трошоци, купувањето ефикасни технологии во најголем број случаи ќе се исплаќа бидејќи ќе се користи помалку енергија од претходно и поради тоа што ќе бидат пониски трошоците за поправка и за одржување.Во согласност со денешните потреби на корисниците и фокусирајќи на се трендовите што го диктираат развојот на пазарот, компанијата Кроација осигурување – неживот воведе две новини во вид на промотивни акции за корисниците, кои во своите домови имаат имплементирано обновливи извори на енергија – Екодом и Екокаско.
ЕКОДОМ овозможува со секое осигурување стан или куќа (домаќинско или пожарна полиса), под услов да има инсталирано систем за обновлива енергија (соларни панели за производство на електрична енергија, соларни колектори за затоплување санитарна вода при користење клима-уред, инвертер или при греење со парно), осигуреникот/договарачот се стекнува со 50 отсто попуст на полисата за семејно осигурување од незгода – Blue Family.
Во рамките на ЕКОКАСКО, со секоја каско полиса за хибридно или електрично возило, осигуреникот/договарачот се стекнува со 50 отсто попуст на полисата за семејно осигурување од незгода – Blue Family.