По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа на дело својата максима – Важни се луѓето. Бирајќи соодветен корпоративен материјал, банката со посебен пиетет се осврна кон македонската уметност, традиција, археологија. Така се роди идејата за специјален брендинг (сет од хартиената ќеса, календар и тефтер) со мотиви од македонската народна носија од различни краишта, археолошки артефакти, од орото „Тешкото“, од народната песна „Билјана платно белеше“. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Димитар Кондовски.
Корпоративниот сет наменет за деловните партнери, клиентите и пријателите на Халкбанк ја продолжува приказната чија основа е слоганот „Важни се луѓето“, овој пат надграден со многу силна порака за важноста и почитувањето на заедничките вредности и традицијата.
- Еден од најважните елементи на секое општество е неговата култура и традиција. Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање. Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за вистинските вредности и важноста за нивната афирмација. Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички културни вредности – стои во пораката на материјалите со кои Халкбанк ги честита престојните празници.
Брендингот е авторски проект на маркетинг агенцијата Ефектива, која со години работи во доменот на зачувување и афирмирање на уметноста, но и на едуцирање и градење публика што ќе ги цени и препознава уметничките вредности.
Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските, трајни вредности. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики, а во тек е и големата кампања за поддршка на возрасните лица „Да ги слушнеме и гушнеме“, која акцентот го става на меѓугенерациското поврзување во една заедница.
И годинава, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Халкбанк потсетува на клучната порака – Важни се луѓето!