Веќе дознавме дека компанијата TSMC започнува масовно производство на чипови во 3 нанометрски процес. Ова е од големо значење и за Apple, бидејќи тајванската компанијата е главен производител на неговите чипови.
Очекувањата се дека следната серија на паметни телефони на Apple ќе користи чипсет A17, и тоа најверојатно само во Pro варијантите. Со него, фокусот ќе биде ставен на подобрена ефикасност, а не толку на зголемување на продуктивноста.
Новиот процес може да се користи и во Mac моделите со идниот M2 Pro процесор, а потоа и во M3. Сепак, скокот за iPhone ќе биде значаен, бидејќи во пракса тој ќе оди од 5 на 3nm.
Според TSMC, 3nm процесите нудат повисоки перформанси од 5nm додека ја намалуваат потрошувачката на енергија за околу 35%.