Со развојот на технологијата, се зголемува и бројот на зборови кои ги користиме за да ја опишеме. Годината која штотуку започна нема да биде исклучок.
Ајде заедно да видиме кои технолошки изрази би можеле да доминираат во текот на 2023 година, нови или постоечки кои добиле ново значење.
Проширена реалност (extended reality, XR)
Ова не е нов термин, но веројатно ќе го гледаме се повеќе и повеќе бидејќи компаниите како Мета ги туркаат своите визии за метаверзумот. XR вклучува виртуелна реалност (VR), зголемена реалност (AR) и сè помеѓу, вклучително и мешана реалност што ги поврзува.
Мета платформи оваа година треба да ја претстави конзолата за помешана реалност Quest Pro, а Apple треба да ја претстави својата прва конзола од ваков вид.
Аватар
Слично на XR, ниту аватарите не се нови, но повеќе ќе се среќаваме со нив. Терминот, во овој контекст, го опишува нашето дигитално претставување во видео игрите, метаверзумот и на други места. Може да личи на нас или да личи на лик од анимиран филм.
Стабилна дифузија
Едноставно кажано, стабилната дифузија е посебен вид на генерирање слики од текст со помош на вештачка интелигенција, што се појави во текот на 2022 година.
За разлика од конкуренцијата која е достапна само во облакот (DALL-E), може да работи на вашиот компјутер и е во отворен код. Тоа значи дека голем број луѓе можат да прават што сакаат со него.
AI
Се разбира, вештачката интелигенција е термин стар со децении, измислен за да се опише способноста на машините да перцепираат и да работат со информации. Но, исто така се користи за, на пример, автоматска обработка на фотографии во паметни телефони. Минатата година се користеше многу често, а годинава веројатно ќе се користи уште повеќе.
Matter
Ако сте за паметни домашни уреди, треба да внимавате на Matter. Тоа е, имено, нов стандард кој – доколку профункционира – треба да овозможи поврзување на уреди од различни производители во еден домашен еко-систем, со еден уред кој ќе служи како контролер.
Иако таквите уреди веројатно нема да станат широко достапни во 2023 година, многу ни се допаѓа идејата да го контролираме, да речеме, термостатот Nest на Google со дигиталниот асистент Siri на Apple.
FAST
Free Ad-Supported TV(бесплатната телевизија со реклами) е нов тренд во стриминг. Како што сугерира неговото име, нуди бесплатна содржина за стриминг од различни платформи (Roku TV и Amazon Freevee, на пример), но со реклами и со послаба понуда од онаа што можете да ја добиете со плаќање.
DLSS
Кратенка за Deep Learning Supersampling, термин кој ја опишува употребата на вештачка интелигенција за зголемување на резолуцијата на сликите над нивното првобитно ниво. Со други зборови, содржината што е 720p или 1080p може да изгледа како 1440p или дури 4K.
DLSS беше развиен од Nvidia за нивните премиум графички картички. Но, упорно се зборува дека би можело да се најде во новата верзија на конзолата Nintendo Switch, пишува Mashable.