Galaxy S23 серијата на Samsung треба официјално да ја види светлината на денот следниот месец. Се чини дека останаа уште малку детали кои не ги дознавме за неа, а меѓу нив се можните цени. Сега ги добиваме првите информации по тоа прашање. Точно, не толку конкретно, но сепак добиваме некои детали.
Samsung Galaxy S23 моделите ќе пристигнат со уште поскапи компоненти во однос на претходната серија, вклучувајќи специјална верзија на чипот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 и главна камера од 200 MP.
Доколку Samsung ја понуди истата цена за моделот Galaxy S23 како и за моделот Galaxy S22, тоа значи дека компанијата ќе забележи помала заработка, што дополнително ќе ја намали оперативната добивка. Меѓутоа, ако Samsung ги зголеми цените, серијата Galaxy S23 ќе ја изгуби конкурентноста во однос на iPhone 14 серијата.
Се чини дека Samsung одлучи да оди со првата опција, според најновите информации кои доаѓаат од Јужна Кореја. Samsung наводно ќе ги понуди истите цени за моделот Galaxy S23, како и во слулчајот на Galaxy S22.
Тоа значи дека Samsung Galaxy S23 би можел да чини 799 долари, Galaxy S23+ би можел да чини 999 долари, додека најмоќниот модел Samsung Galaxy S23 Ultra би требало да чини 1.199 долари. Но, Samsung наводно би можел да ги зголеми цените кога ќе излезе iPhone 15 серијата.
Според некои информации, Galaxy S23 серијата би можела да биде претставена на самиот почеток на вториот месец од следната година, поточно на 01.02.2023 година. Сепак, има и некои други извештаи кои сугерираат дека оваа серија ќе биде лансирана во втората половина на вториот месец. Во секој случај, очекуваме Samsung наскоро да го објави датумот на лансирање на претстојните уреди.