Графитниот врв на пенкалото пишува и на дигитални екрани и на хартија без потреба од замена на деловите на пенкалото и работи на најновиот протокол на Microsoft MPP2.6 за тактилни повратни информации.
На годинашниот CES саем, MSI доби награда во категоријата „Компјутерски периферни уреди и додатоци“ за новата верзија на MSI Pen, која според најавите, заедно со поддршката за притисок и навалување, овозможува сосема ново искуство во пишувањето.
Пенкалото со димензии 9,2 x 151,82 мм е изработено од метал, има три копчиња и тежи 14,52 грама. Батеријата се полни преку USB-C порт.
Можноста за пишување на хартија и на дигитален екран со ист врв на пенкалото е овозможена со специјален графитен врв кој се менува кога постоечкиот врв ќе се „истроши“. MSI наведува дека пенкалото доаѓа со повеќекратни полиња од графит за кои се вели дека се толку мали и лесни што нема да го оштетат или оставаат траги на екранот, пренесува The Verge.
MSI Pen 2 ќе доаѓа со Creator Z линијата на преносни компјутери. Конкретно е компатибилен со моделите Creator Z17 HX Studio и CreatorPro Z17 HX Studio.