Во март минатата година, Honda и Sony објавија дека ги здружуваат силите за да создадат електричен автомобил. До летото, проектот веќе имаше нова компанија и ги видовме концептуалните нацрти.
Сега за време на саемот CES 2023, Sony Honda Mobility официјално го претстави својот прв прототип, Afeela. Преднарачките за моделот се планирани да започнат во првата половина на 2025 година, со испорака во одредени региони до крајот на годината.
Електричниот автомобил вклучува вкупно 45 камери, внатре во патничкиот простор и надвор. Има и медиумска лента која ќе прикажува корисни информации. Уредот ќе се базирта на чипови од Qualcomm за неговите различни системи. Покрај тоа, планирана е и соработка со Epic Games за дополнителни услуги за забава.