Веќе знаеме официјално дека Samsung ќе ја претстави својата нова серија на паметни телефони Galaxy S23 на 1 февруари. Во меѓувреме, компанијата ги сподели и првите видеа навестувајќи ги уредите.
Најавите доаѓаат од Кина, алудирајќи на подобрувања на камерите на претстојните уреди. Едниот тизер има врска со мегапикселите и најавите за преместување на сензорот од 200 мегапиксели на Galaxy S23 Ultra. Вториот е поврзан со подобрувања при снимање во ноќни услови. Очекуваме компанијата да направи значителен напредок во овој поглед.
— Ice universe (@UniverseIce) January 10, 2023
Логично, најзначајните иновации во однос на дополнителните функционалности може да бидат ексклузивни за најмоќниот Ultra модел. Меѓу нив ќе биде и можноста за снимање на hyperlapse снимање на небото, базирајќи се на опцијата за астро фотографии.
Samsung ќе додаде и повеќе опции за прилагодување на поставките за фотографирање, вклучително и воведување Pro режим за предната камера. Ќе биде присутна и опција за снимање фотографии во RAM меморијата со резолуција од 50MP.
Samsung ја закажа премиерата на Galaxy S23 серијата за 1 февруари (ВИДЕО)