Во Airbus се надеваат дека оваа технологија, која влезе во последните три месеци од својата фаза на тестирање во некои од авионите, ќе овозможи поголема безбедност
Проектот Dragonfly вклучува „автоматизирано итно пренасочување за време на летот, автоматско слетување и такси помош“, наведува Airbus.
Во ситуации кога екипажот не може да го контролира авионот, DragonFly може да го пренасочи летот до најблискиот соодветен аеродром додека ги испраќа потребните информации до контролата на летање за да овозможи безбедно слетување.
Новите функции се тестираат на авионите А350-1000 на аеродромот Тулуз-Блањак под раководство на нивната подружница Airbus UpNext, која ја тестира новата технологија пред да биде претставена во остатокот од флотата.
„Кога станува збор за безбедноста, постојаното подобрување е името на играта. Во AirBus постојано бараме различни извори на инспирација за да пронајдеме проактивни решенија кои можат да ја подобрат безбедноста и перформансите.
What if a humble dragonfly could help us improve our aircraft? 👀 Discover how the new #AirbusUpNext DragonFly demonstrator takes inspiration from this extraordinary insect to improve safety and efficiency during flight.
🔗 https://t.co/5wCsTDBG9Y pic.twitter.com/LpihLu3Sqc— Airbus (@Airbus) January 12, 2023