Во 2022 година, САД собрале 510 извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), од кои многу летале во чувствителен воен воздушен простор.
Агенцијата AP наведува дека по анализата било утврдено дека повеќето извештаи зборуваат за објекти со „незабележливи карактеристики“ и дека тие може да се окарактеризираат како системи на беспилотни летала или објекти слични на балон.
„Средбите со НЛО се случуваат во ограничен или чувствителен воздушен простор, што предизвикува загриженост за безбедноста на летовите или активностите за собирање податоци од страна на противниците“, се вели во извештајот на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за 2022 година.
Минатата година, Пентагон ја отвори Канцеларијата за решавање на аномалии во сите домени, која исклучиво се фокусирала на примање и анализа на сите извештаи за неидентификувани појави, од кои многу биле пријавени од воени пилоти, а Канцеларијата соработува со разузнавачките агенции за понатамошна проценка на тие инциденти„, пренесува AP.