Кои точно функции ќе ги има Android 14 кога ќе биде лансирсн оваа година? Се надеваме дека ќе има барем еднa од овие.
Додека некои сè уште го чекаат доаѓањето на Android 13 на нивниот телефон, Google веќе го најавува Android 14, кој ќе пристигне на најмодерните уреди во текот на 2023 година. Колку и да е добар оперативниот систем, секогаш може да биде подобар, а овие карактеристики , веруваме дека може да го подобри корисничкото искуство искуство со Android 14.
Збир на виџети
Ако користите графички контроли, вашиот Home screen е веројатно многу зафатено место – тој е полн со апликации и анимирани информативни панели. Едно нешто што може да го олесни се графичките контроли кои се наредени еден врз друг и кои се менуваат автоматски или со лизгање.
На овој начин можете да додавате корисни виџети на почетниот екран и да го извлечете максимумот од вашиот телефон без да го натрупувате екранот. Оваа функција најпрво излезе на iPhone, а подоцна беше претставена на неговите телефони од Samsung преку One UI 5, што значи дека би било идеално доколку Android ја ископира наскоро, објави MakeUseOf.
Заспани апликации
Друга корисна карактеристика, која би сакале да ја видиме во Android 14, е можноста за „спиење“ на апликациите кои не се во употреба. Никој не сака тие да работат во заднина без причина, што значи дека ако ги ставите да спијат може да заштедите на ресурси како RAM меморија, батерија и процесорска моќ.
Постојат апликации во Play Store од различни производители кои се обидуваат да ја имитираат оваа функција, но повеќето од нив се несигурни и може да предизвикаат несакани проблеми, како што се паѓање на апликациите или неиспраќање нотификации.
Заклучување поединечни апликации
Можеби сакате да заклучите некои од апликациите за дополнителна безбедност, било да е тоа галерија, банкарски апликации и така натаму. Android моментално нема можност да заклучува апликации со лозинка, а решението најчесто доаѓа преку скинови како Oppo ColorOS и Xiaomi MIUI.
Заклучувањето на апликациите му дава мир на корисникот ако некој успее да го заобиколи заклучениот екран на телефонот.
Индикатор за здравјето на батеријата
Долготрајното користење на електрониката, вклучително и паметните телефони, ја троши батеријата на неколку начини – поточно нејзината функционалност и здравје полека почнуваат да опаѓаат, што значи дека не може да издржи иста количина на енергија како порано. Со други зборови, вкупниот капацитет на батеријата е ограничен поради природниот процес на абење и кинење на хардверот.
Можете да го проверите статусот на батеријата на iPhone, но Android сè уште ја нема таа функција. Идеално, батеријата треба да остане на околу 80 проценти од својот максимален капацитет по 800 циклуси на полнење, што значи дека ако го полните телефонот еднаш дневно, треба да ја замените батеријата по околу две години.
Рачна контрола за Material You
Нам ни се допаѓа дизајнот Material You на Android 12, но проблемот е што тој не нуди целосна контрола врз поединечните елементи на интерфејсот.
На пример, не можете да изберете поединечни бои за таблата за брзи поставки и виџетот на часовникот. Системот ги користи избраните палети на бои и автоматски ги применува оние што „мисли“ дека се најдобри. Иако работи многу добро, би било одлично да ги смениме и боите.
Подигање слика од позадина
iOS 16 на Apple воведе интересна карактеристика на iPhone: способност да се подигне елемент на сликата од позадина и да се сподели со други. Тоа е вградена алатка која ја поместува позадината на сликите, но она што ја прави посебна е едноставноста на нејзината примена.
Сè што треба да направите е долго да го притиснете предметот што треба да се избере и да обезбедите опција да го повлечете во полето за текст или да копирате и залепите од таблата со исечоци. Брз е, интуитивен и сакаме Android 14 да го претстави како една од неговите карактеристики.