Компанијата за анализа на пазарот Trendforce објави интересен извештај поврзан со паметните телефони со екрани на преклопување. Извештаjот предвидува дека испораките на овој тип на уреди ќе пораснат за 44 проценти на годишно ниво во последниот квартал од оваа година.
Тоа ќе влијае на целиот сектор за производство на механизми за преклопување до промет од 500 милиони долари. Минатата година, испораките на смартфони на преклопување достигнаа 12,8 милиони примероци, а оваа година може да достигнат 18,5 милиони.
Околу 82 отсто од испораките во 2022 година се на Samsung, бидејќи другите големи производители ги продаваат своите уреди само во Кина. Во моментов постојат два вида механизми, во облик на капка и во форма на буквата У. Анализата укажува дека ќе се бараат поедноставени механизми.