Благодарение на компонентите на AMD, суперкомпјутерот Dardel на KTH ќе биде најмалку шест пати побрз од неговиот претходник
Шведскиот давател на HPC (High-performance computing) услуги за академско истражување, Кралскиот институт за технологија (KTH) набави нови суперкомпјутерски ресурси напојувани од процесорите EPYC на AMD и акцелераторите Instinct.
Според AMD, суперкомпјутерот Dardel на KTH ќе испорача врвни перформанси од околу 13,5 петафлопи за научни апликации, вклучително и пресметковна динамика на течности, биофизичко и геномско истражување, наука за материјали и пресметковна хемија.
KTH наведува дека EPYC процесорите на AMD и акцелераторите Instinct во Дардел ќе обезбедат систем кој ќе биде најмалку шест пати побрз од неговиот претходник. Повеќе информации за овој шведски суперкомпјутер се достапни на официјалната веб-страница на KTH.