Како што наближува дебито на првиот уред со мешана реалност на Apple, се повеќе и повеќе детали излегуваат на виделина. Сега новинарот на Bloomberg, Марк Гурман споделува нова доза информации.
Се чини дека уредот ќе се вика Apple Reality Pro, а може да дебитира на WWDC конференцијата во јуни и ќе биде достапен подоцна во годината во САД по цена од 3.000 долари. Тоа е плод на седумгодишниот развој на тимот на Technology Development Group и е првата нова категорија на хардвер за компанијата од лансирањето на Apple Watch во 2015 година.
Reality Pro ќе има алуминиумска конструкција и стаклени елементи. На предната страна ќе биде присутен заоблен екран кој ќе ги прикажува очите на корисникот. Од страните ќе има стерео звучници, како и лента за глава.
Кацигата ќе користи модифицирана верзија на M2 процесорот, а батеријата ќе биде поврзана со кабел и ќе може да се носи во џеб и ќе нуди до два часа траење на батеријата со едно полнење. Ќе ги следи лицето и очите и ќе вклучува VR и AR способности.
Reality Pro вклучува и неколку екстерни камери за следење на рацете, како и внатрешни камери за следење на очите. Се чини дека употребата на надворешни контролери за интеракција со виртуелната средина нема да биде потребна.
Нов елемент ќе биде дигиталната круна за префрлање помеѓу VR и AR. Reality Pro може да создаде реална слика на лицето и телото на корисникот во виртуелна средина, која исто така ќе се користи при FaceTime повици , но со најмногу две лица.
Reality Pro ќе може да се користи и како надворешен монитор за Mac, како и да симулира гледање филмови на голем екран. За постигнување на сараунд звук ќе се базира на AirPods.