Добри вести пристигнуваат за љубителите на Coca-Cola. На Twitter се појави мобилен телефон на мистериозен производител со логото и боите на популарниот безалкохолен пијалок
На интернет се појави фотографија од интересен смартфон, кој е „покриен“ во боите и логото на популарниот безалкохолен пијалок. Според тоа, може да се насети дека Coca-Cola подготвува ново партнерство со производител на паметни телефони, но не се знае точно за кого се работи.
Според прикажаниот рендер, телефонот има големо и мало лого на Coca-Cola на задната страна и систем со две камери. Иако дизајнот е прилично безличен, уредот малку личи на стандардниот Realme 10, па постои шанса мистериозниот партнер на Coca-Cola да биде кинескиот Realme.
Here comes your very first look at the totally new #ColaPhone! Maybe Coca-Cola will cooperate with a top smartphone brand. Can you guess which brand it will be? pic.twitter.com/6ieXvVTTH0
— Ice universe (@UniverseIce) January 24, 2023
Интересно е да се истакне дека во ноември минатата година, на Twitter беше отворен профилот Colaphone, кој следи осум производители на паметни телефони – Samsung, Nothing, Apple, Xiaomi, Oppo, OnePlus, Huawei и Realme.
Инаку, Realme 10, односно потенцијалниот мобилен телефон Coca-Cola, има 6,4-инчен Super AMOLED екран од 90 Hz, а го покренува Helio G99 чипсет на MediaTek, поврзан со до 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. На „задната страна“ има главен сензор од 50 мегапиксели и сензор за длабочина од 2 мегапиксели, а автономијата се должи на батерија со капацитет од 5.000 mAh.