Популарната апликација за запознавање воведува нови функции и надградби на постоечките.
Корисниците на Tinder сега ќе можат да го користат режимот инкогнито, за кој компанијата тврди дека е „чекор напред“ во целосното криење на профилот.
Само луѓето кои корисникот ги означува со „Like“ ќе можат да го видат неговиот профил во нивните препораки. Ова ќе им даде на корисниците поголема контрола врз видливоста на нивните профили.
Дополнително, корисникот може да ги блокира профилите кои се појавуваат во препораките, за да може да избегне непријатни ситуации доколку види поранешен партнер или некој од неговиот приватен живот, како што е член на семејството. Оваа опција дојде по функцијата што им овозможува на корисниците да бидат блокирани врз основа на нивниот телефонски број.
Сега има нова безбедносна карактеристика наречена „long press reporting“. Ако корисникот прими навредлива порака, може да ја допре и задржи за да пристапи до опцијата за известување. Од Tinder велат дека се надеваат дека ова ќе ги охрабри луѓето да пријават лошо однесување на корисниците за да може да се преземат мерки против нив поради кршење на правилата.
Во меѓувреме, Tinder направи промени во својата функција „Are You Sure“, која им кажува на корисниците да размислат пред да испратат потенцијално штетна порака и „Does This Bother You“, што ги поттикнува корисниците да пријават несоодветни разговори. Овие карактеристики ќе помогнат во борбата против штетните или несоодветни разговори, вклучително и говор на омраза, сексуално вознемирување и експлоатација. Од воведувањето на функцијата „Does This Bother You“, има 46 отсто повеќе пријави за пораки кои содржат штетна содржина.
Tinder воведе серија водичи Healty Dating Guides во соработка со кампањата No More, со цел борба против семејното насилство и сексуалните напади. Насоките се создадени за корисниците да можат да ги препознаат знаците и да се заштитат во секоја фаза од врската. Лансирана е и кампањата Green Flags, која ги истакнува безбедносните карактеристики и чекорите што луѓето можат да ги преземат за да безбедно онлајн дружење.