Apple последен пат го ажурираше iMac во април 2021 година со М1 чип и нов дизајн достапен во седум бои. Оваа верзија би можела да остане единствениот достапен модел уште некое време
Според Марк Гурман од Bloomberg, Apple не планира да лансира нов 24-инчен iMac пред крајот на 2023 или почетокот на 2024 година, објави MacRumors.
„Не видов ништо што сугерира дека новиот iMac ќе пристигне пред М3 генерацијата на чипови, која нема да пристигне до крајот на оваа година или најрано следната година“, напиша Гурман.
Тој дури и тврди дека Apple ќе го прескокне ажурирањето на iMac со М2 чип и наместо тоа ќе чека до објавувањето на моделот со М3 чип.
Еднаш кога ќе пристигне, М3 чипот би можел да биде произведен со користење на процес од 3 нанометри, што треба да донесе уште поголема моќност и енергетска ефикасност.