Компанијата Samsung на почетокот на овој месец, на првиот Galaxy Unpacked настан годинава во Сан Франциско, покрај серијата паметни телефони Galaxy S23, ја претстави и Galaxy Book 3 серијата лаптопи. Најмоќниот член на серијата од вчера е достапен за преднарачки ширум светот.
Sамсунг објави дека досега има забележано двојно поголем број на преднарачки за Galaxy Book 3 и Galaxy Book 3 Pro 360 во споредба со серијата Book 2 минатата година. Покрај тоа, јужнокорејскиот технолошки гигант објави дека Galaxy Book 3 Ultra сега е достапен за преднарачка низ целиот свет.
Отворената продажба и достапноста на лаптопот е закажана за 22 февруари 2023 година. во Европа и Соединетите Американски Држави, додека клиентите во Индија ќе мора да почекаат до 15 март 2023 година.
Samsung Galaxy Book 3 Ultra е најдобриот лаптоп на Samsung досега. Станува збор за лаптоп со тежина од 1,8 кг. Има екран со дијагонала од 16 инчи и содржи чип на Intel од 13-та генерација и батерија од 76 Wh.
Galaxy Book 3 Ultra е достапен во две верзии. Поприфатлива верзија е онаа со Intel Core i7-13700H процесор, RTX4050 GPU, 16 GB LPDDR5 RAM меморија и 512 GB NVMe SSD. Од друга страна, помоќната верзија доаѓа со Intel Core i9-13900H процесор, графички процесор RTX4070, 32 GB RAM и 1 GB внатрешен простор за складирање.
Двете верзии ќе бидат достапни во Јужна Кореја, САД, Франција и Германија за 2.799 евра / 2.400 долари / 2.449 фунти. Во Индија ќе пристигне само поскапата верзија која ќе чини 3.699 евра. Во зависност од пазарот, има одредени поволности за корисниците кои однапред ќе го нарачаат овој лаптоп.