Пристигнувањето на Xiaomi 13 во Европа се очекува на крајот на овој месец, а според последните информации корисниците ќе треба да издвојат дури 999 евра за почетната верзија.
Xiaomi 13 серијата паметни телфони беше претставена во Кина уште во декември минатата година, а на крајот на овој месец ќе пристигне и во Европа во рамките на саемот MWC во Европа. Иако сите спецификации се веќе познати, се уште се шпекулира за цената.
Според новите информации објавени на Twitter од дојавувачот Roland Quandt, европските корисници ќе треба да издвојат дури 999 евра за новиот Xiaomi 13 во почетната верзија со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Истата верзија во Кина чини околу 588 евра, па разликата е повеќе од очигледна.
Xiaomi 13 5G 8/256GB will set you back a lovely 999 Euro in Germoney. Ooof. https://t.co/XkolXmiOhI pic.twitter.com/q1nQA7gn3Y
— Roland Quandt (@rquandt) February 16, 2023
Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа значи дека првичната верзија на Xiaomi 13 ќе ја надмине цената на неговиот главен конкурент, Galaxy S23, за кој е потребно да се издвојат околу 950 евра. Мора да се признае дека флегшип смартфонот на Samsung доаѓа со помалку внатрешна меморија во почетната верзија, што дефинитивно треба да се има на ум.
За потсетување, Xiaomi 13 има 6,36-инчен AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz, подобрен систем на камера со телефото сензор и Snapdragon 8 Gen 2 чипсет на Qualcomm. Додека верзијата со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија е достапна во Кина, таа ќе биде достапна само во верзијата со 8/256 GB во Европа. Повеќе RAM меморија е резервирана за 13 Pro, кој исто така се очекува да биде лансиран на крајот на месецот.