Заедно со презентацијата на телефоните од Xiaomi 13 серијата и AIoT уредите на компанијата за глобалниот пазар, Xiaomi најави и нов концепт за развој на иновативни очила за проширена реалност. Уредот се вика Xiaomi Wireless AR Glass Discovery Edition, работи безжично, ја користи платформата Snapdragon XR2 Gen 1 и е компатибилен со Xiaomi 13 уредите и другите модели со технологијата Snapdragon Spaces.
Очилата вклучуваат безжична технологија развиена од компанијата која го намалува временското доцнење на поврзувањето на паметниот телефон на 3 милисекунди, а при полн безжичен капацитет доцнењето изнесува 50мс, што според компанијата е споредливо со она кај жичените очила. Уредот тежи 126 грама и е изработен од материјали како легура на магнезиум-литиум и јаглеродни влакна, додека батеријата има силикон-кислородна анода.
Компанијата користи два microOLED дисплеи и специјални призми кои насочуваат светлина, кои можат да обезбедат висококвалитетни слики и во исто време да имаат ограничен волумен. Дизајнот на оптичкиот модул ја намалува загубата на светлина и обезбедува јасни слики со осветленост до 1200 нита. Очилата вклучуваат и електрохромни леќи кои можат да се затемнат кога корисниците сакаат да се нурнат во виртуелната реалност. Кога се транспарентни, може да се постигне поизвонредно AR искуство со комбинирање на реалниот свет и виртуелните објекти.
Очилата се опремени и со напредна технологија за контрола на гестови која ја препознава положбата на зглобовите во раката за прецизна контрола на виртуелните предмети. Постои и можност за контрола преку поврзаниот паметен телефон, кој работи како тачпад и препознава гестови. Виџетот може да се користи и за контрола на паметните домашни уреди.
Xiaomi Wireless AR Glass Discovery Edition features a lightweight yet sturdy design with a magnesium-lithium alloy structure and carbon fiber materials. Its electrochromic lenses allow for seamless access to reality and the virtual world at a single click. pic.twitter.com/FWANebc4Gp
— Lei Jun (@leijun) February 27, 2023
Сè уште не е јасно дали Xiaomi Wireless AR Glasses Discovery Edition очилата, кои се компатибилни со Qualcomm Snapdragon Spaces, OpenXR и Microsoft MRTK ќе пристигнат на пазарот и колку ќе чинат, но компанијата посочува дека има намера да работи со програмерите за побрз влез на решенијата за AR.