Новиот изглед на Gmail апликацијата го донесува долгоочекуваниот редизајн кој значително го подобрува корисничкото искуство на уредите со дисплеј на преклоп
Google објави на својот блог дека го промовира долгоочекуваниот редизајн на корисничкиот интерфејс на апликацијата Gmail за флексибилни телефони што го прави популарниот клиент за е-пошта многу посоодветен за преклопните екрани.
Апликацијата Gmail сега прикажува приказ со два панела на многу од најдобрите флексибилни телефони како што е Samsung Galaxy Z Fold4. Новиот распоред ја става листата на сандачиња од левата страна, додека содржината на е-пораките е на десната страна.
Ова е уште еден чекор во обидот на Google да го подобри корисничкото искуство на таблет уредите и телефоните на преклоп, кој започна со објавувањето на Android 12L. Пред оваа промена, Gmail сандачето го зафаќаше целиот екран на споменатите уреди, што иако е идеално за конвенционалните телефони, е многу ирационално искористување на просторот кај поголемите екрани, а сето тоа поради немањето софтверска оптимизација.
Двојниот панел е достапен и за Meet и Chat табовите во апликацијата Gmail. Редизајнот е најверојатно достапен само за телефоните на преклоп со поголем формат и нема да се однесува на Morotola Razr и Galaxy Flip типовите уреди.
Кога сакате да напишете нова е-порака, копчето Compose се наоѓа на долната лева страна на екранот, додека пребарувањето е веднаш над сандачето. Менито на дното ја опфаќа целата ширина. Најзначајното подобрување е веројатно тоа што ова ажурирање заштедува време во навигацијата помеѓу инбоксот и приказот на пораките.
Ваквите мали оптимизации, кои на флексибилните уреди им даваат сопствен идентитет и ги издвојуваат од стандардните телефони, неодамна беа во фокусот на Google, а причината може да се најде во подготовките на компанијата за најавата на таблетот Pixel Fold, иако деталите на нејзиното објавување се уште се затворени.превез на тајност.