Компанијата Rakuten Viber најави воведување на нова функција за управување со просторот на складирање на апликацијата. Со нејзина помош, корисниците на Viber ќе можат да добијат контрола над заземената меморија и да ослободат простор кога ќе им биде потребно. Ова е посебно важно за корисниците на уреди со ограничена меморија – за да можат да го користат Viber уште поефикасно.
Новата функционалност им овозможува на корисниците да ги чистат кеш-фајловите на апликацијата или да изберат кои фајлови да ги отстранат од кои разговори. На овој начин може да се следи колку меморија зафаќа Viber на уредот, колкав е вкупниот простор за складирање, колку слободен простор останува и колку е голем секој поединечен разговор.
Корисниците можат да изберат кои фајлови да ги избришат од кој разговор. Тоа може да бидат видеа, фотографии или фајлови, без да влијае на информациите од другите разговори. Ако корисниците веќе ги преземале фајловите на нивниот телефон или таблет, нема да бидат засегнати од чистењето на фајловите од апликацијата.
Функцијата ќе биде достапна за верзијата 19.3.0 или понова на iOS апликацијата и верзијата 19.4 или понова на апликацијата за Android.