Популарниот смартфон Razr ќе добие наследник во вид на Motorola Razr 2023. Заедно со официјалната потврда пристигнуваат и најави за подобрувања и дека телефонот можеме наскоро да го очекуваме телефонот.
Се очекуваше дека оваа година би можеле да видиме нов модел на преклопниот телефон Motorola Razr, а сега пристигна и официјална потврда од компанијата дела наскоро доаѓа нов флексибилен уред на преклоп, кој најверојатно ќе се вика Motorola Razr 2023.
Информацијата ја сподели извршниот директор на Lenovo, Јуанкинг Јанг во интервју за CNBC за време на MWC 2023 саемот во Барселона. Иако изворот е сигурен, Motorola Razr 2022 беше објавен во август минатата година, па може да се каже дека се уште е доста рано за новиот модел.
Тоа значи дека новиот Razr би можеле да го видиме за помалку од една година по објавувањето на претходникот или дека „наскоро“ е малку подалеку отколку што звучи. Јанг истакна и дека мисли дека новиот модел е „значително подобар“ во споредба со сегашниот модел Motorola Razr 2022, па се чини дека новиот Razr (2023) може да донесе големи подобрувања. Иако деталите не се откриени, дел од подобрувањата се поврзани со механизмот за преклопување и апликациите.
Дополнително, Јанг спомена дека одзивот на Razr линијата смартфони е добар и дека „кога технологијата на преклопните уреди ќе созрее, се очекува и пад на цените, а со тоа и продажба во поголеми количини“. Со други зборови, доколку цената стане доволно прифатлива, овој тип на телефон би можел да стане мејнстрим во иднина, што го спомена и претседателот на компанијата Oppo, Били Жанг. Дали тоа значи дека цената на Razr 2023 би можела да биде пониска од претходниот модел, останува да видиме.