Пантелеон ГС е една од ретките компании кои на македонска територија им овозможува на амбициозни професионалци да го пронајдат „својот повик“ и да се одлучат за кариера работејќи и стекнувајќи искуство со големи, интернационални клиенти.
Македонија е земја која често се споменува како голем извозник на квалитетен и образуван кадар за земјите од Западна Европа и Северна Америка, поради што огромен број млади веќе по завршувањето на образованието размислуваат како да ја напуштат земјата и да најдат работа во странство. Во последните години, сè повеќе компании нудат аутсорсинг на домашен кадар за странските пазари, а притоа им отвораат шанси на заинтересираните македонски професионалци да работат за големи глобални компании и проекти. Една од нив е и Пантелеон ГС, компанија која започна со работа во 2020 година и оттогаш бележи постојан раст на бројот на вработени и клиенти.
Од самиот почеток како стартап компанија во 2020 година, Пантелеон ГС го одбра патот на квалитетна работа и обучување на млад и способен кадар, со цел постојан раст и задоволување на високите стандарди и деликатните барања на клиентите. Стратешката определба на компанијата засега резултира во троен бенефит: 1) компанијата добива квалитетен кадар; 2) се создаваат повеќе работни места за домашни професионалци; 3) клиентите добиваат проверено добра услуга. Во нивното портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други.
Во овој поглед, Пантелеон ГС се разликува од повеќето компании на нашиот пазар. Наместо да им нуди на потенцијалните вработени само шанса за преселба и работа во странство, Пантелеон ГС создава тим кој работи локално и придонесува кон домашната економија, а притоа добива можност да се надградува во текот на самата работа и да стекне значајни квалификации и искуство од работа со некои од најдобрите компании во индустријата. А специфичната гранка на Пантелеон ГС ѝ овозможува да нуди аутсорсинг услуги каде се нудат само умствените капацитети и компаниските пракси, на тој начин задржувајќи ги вработените во рамки на Македонија, со што и директно придонесува кон домашната економија.
„Нашите луѓе се нашиот бренд“ гласи мотото на компанијата, кое ја потенцира заложбата на Пантелеон ГС да биде работно место во кое вработените се задоволни, успешни, ќе напредуваат и ќе уживаат во работата. Пантелеон ГС не само што обезбедува нови, модерни простории за работа во главниот град Скопје, туку овозможува и низа лични бенефити и услуги, но и натпросечни финансиски примања во однос на професионалците од истата индустрија на ова поднебје.
„Се залагаме за отворена комуникација на сите нивоа во компанијата, преку политика на отворени врати, што на секој вработен му овозможува секојдневен и директен пристап до членовите на врвниот менаџмент“, вели Влатко Палчевски, административен директор на Пантелеон ГС.
Пантелеон ГС е една од ретките компании кои на македонска територија им овозможува на амбициозни професионалци да го пронајдат „својот повик“ и да се одлучат за кариера работејќи и стекнувајќи искуство со големи, интернационални клиенти, во пакет со конкурентни и високи примања. Намерата на Пантелеон ГС е да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови, трајни вредности кои ќе ја приближат Македонија кон најразвиените светски пазари.