Microsoft Word има доминантна улога во обработката и креирањето текстуални документи, иако постојат голем број популарни алтернативи. Токму со конкуренцијата се појавуваат нови функционалности кои се многу корисни во секојдневниот живот на голем број корисници.
Еден од нив е вметнување обичен текст со помош на кратенка на тастатурата, опција која е достапна во Google Docs и во канцеларискиот пакет Libre. Сепак, оваа корисна опција недостасуваше во Word и беше потребно да се направи команда со глувчето.
Сепак, Microsoft објави дека ја додава кратенката Ctrl + Shift + V, која директно го залепува копираниот текст без форматирање. За macOS ќе се користи командата Cmd + Shift + V. Ова дефинитивно ќе заштеди време за корисниците кои често го користат Word за работа со текстови.
За жал, оваа опција ќе биде достапна само за корисниците со Microsoft 365 Home и Microsoft 365 Business Standard претплата, а моментно е активна во бета верзија (Beta Channel).