Иако имаше некои проблеми, новиот систем на виртуелна реланост најмногу беше пофален од гејмерската заедница. Во споредба со неговиот претходник е значително подобар во секој поглед, како што и треба да биде со новите верзии. Сепак, PlayStation VR2 не е ограничен само на игри како што мислеа многумина.
Според Twitter корисникотiVRy_VR, кој претходно работел на PC драјвери за оригиналниот PSVR систем, PlayStation VR2 работи како виртуелен монитор на PC во Cinema режим на Nvidia 20xx серијата и на уште повисоки резолуции со VirtualLink портови. Работи и со AMD 6800/6900 графички процесори со „VR“ USB-C портови или со BizLink адаптер.
PSVR2 is known to work (in "cinema" mode) on nVidia 20×0 GPUs with VirtualLink ports, AMD 6800/6900 GPUs with "VR" USB-C ports, or with the BizLink adapter (as resold by Varjo & XTAL). To test if your GPU (w/USB-C) supports PSVR2, plug it in and see.https://t.co/D6jTwBirP4 pic.twitter.com/sna1HMODZ4
— iVRy (@iVRy_VR) March 13, 2023
Во суштина, ова им овозможува на сопствениците на PlayStation VR2 да ги приклучат своите очила за виртуелна реалност на компјутер, овозможувајќи им да работат како виртуелен десктоп монитор со 3dof движење (еквивалентно на режимот Cinema на PlayStation 5 конзолата).
Меѓутоа, во овој момент не функционира сè како што е предвидено со VR игрите за PC. За ова ќе бидат потребни SteamVR драјвери заедно со дополнителна софтверска поддршка, пишува TwistedVoxel.
Сепак, ова дава надеж дека софтверската поддршка на крајот ќе биде развиена за најновиот Sony VR систем од втората генерација, што би требало да му овозможи да функционира за VR игрите на PC компјутерите.