Првиот паметен 5G рудник на дијаманти во светот, Жуангенг беше отворен во Боцвана, благодарение на соработката на Huawei и рударската компанија Debswana.
Со примена на современа технологија зголемена е ефикасноста и продуктивноста на работата, како и безбедноста на вработените и на опремата при експлоатација на најтврдиот скапоцен камен.
според зборовите на Сu Јун, технолошкиот директор на рударскиот тим на Huawei, старите решенија во овој рудник имале две клучни ограничувања – недоволна покриеност со 4G/LTE сигнал и користење на јавна безжична мрежа.
Сега, благодарение на иновативните технологии, осигурана е стабилна конекција, која поврзува над 260 парчиња од опрема, како што се дупчалки, багери и камиони, а тоа ги прави поефикасни и поисплатливи за користење, појаснуваат од компанијата.
Huawei останува посветен на развојот на 5G мрежата, услугите во облак, вештачката интелигенција и другите иновативни технологии за да ги унапреди паметните решенија во рударската индустрија ширум светот.