Microsoft со години им нудеше на новите корисници можност да купат Xbox Game Pass Ultimate и PC Game Pass претплата за едно евро, но се чини дека доаѓа крајот на таа промоција.
После долго време, Microsoft ја прекинува својата промотивна понуда каде новите корисници можеа да купат претплати за Xbox Game Pass Ultimate и PC Game Pass за едно евро.
„Ја завршуваме нашата претходна воведна понуда за Xbox Game Pass Ultimate и PC Game Pass и проценуваме различни маркетинг промоции за нови членови во иднина“, потврди за The Verge шефот за комуникации на Xbox, Кари Перез.
Поради тоа, новите корисници ќе бидат принудени да плаќаат за Game Pass 9,99 евра или 12,99 евра месечно доколку се одлучат за Ultimate верзијата на претплатата. Досега можеа да го тестираат пакетот претплата на Microsoft за едно евро, што многумина го искористија креирајќи нови профили секој месец.
Сепак, треба да се напомене дека евтините месечни пакети Game Pass сè уште можат да се купат преку third-party страници, па доколку новите корисници сакаат малку да се „помачат“, сепак можат да заштедат пари. Исто така, забележуваме дека Microsoft не споемна ништо за укинување на промоцијата на промена на Xbox Live Gold во Game Pass Ultimate.