Човештвото планира долгорочно присуство на Месечината, па затоа е неопходно да се воспостави сигурна комуникација, а токму на тоа работи компанијата Lockheed Martin.
Компанијата ја основаше независната компанија Crescent Space, чиј прв проект ќе биде сателитска комуникациска мрежа помеѓу Месечината и Земјата. Мрежата наречена Parsec користи констелација од мали лунарни сателити кои обезбедуваат постојана комуникација помеѓу астронаутите, нивната опрема и Земјата. Овој систем ќе обезбедува и услуги за навигација.
Технологијата би требало да им помогне на истражувачите да останат во контакт, но и да помогне во промената на текот на вселенските летала. Од Lockheed Martin велат дека тоа треба да се покаже како клучно за оние кои ќе останат на површината на Месечината. Јазлите на Парсек создаваат лунарен еквивалент на GPS, обезбедувајќи им на астронаутите прецизни податоци за нивната позиција, како и насоки за враќање во базата. На овој начин, екипажот на роверот ќе го избере најдобриот начин за враќање во базата и избегнување на опасните кратери.
Parsec би требало да биде оперативен до 2025 година, а потребните сателити ќе ги произведува Lockheed Martin.
Иако овој проект може да се чини преуранет со оглед на тоа дека мисијата на NASA на Месечината ќе биде лансирана кон крајот на 2024 година и да слета на крајот на 2025 година, треба да се има на ум дека „вселенската трка“ е веќе во тек и дека САД, Кина и приватната компанија SpaceX прават големи напори фокусирани на Месечината. Crescent би можел да му помогне на Lockheed Martin да профитира од тоа „брзање“ без да ги наруши постоечките операции.